Ќе има помилување за лицата кои го прекршиле полицискиот час

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за правда Кренар Лога најави забрзување на постапката за помилување на лицата кои ги прекршиле правилата на пандемијата, како една од итните мерки за ублажување на состојбата во затворите во земјава.

Тој најави и интервенции во затворот „Идризово“ за проширување на просториите и подобрување на условите.

– Затворскиот систем е оптоварен и група пратеници во Собранието го презедоа потребното дејство пред јас да дојдам во министерството, побараа да бидат амнестирани сите кои донеле одлуки за прекршување на мерките за време на ковид пандемијата, бидејќи 200 лица сега одлежиле или се наоѓат во затвор, а над 300 други чекаат да одат во затвор. Тоа би ја отежнало оваа мерка. Во меѓувреме со директорот на затворите, денеска, но и на две други средби што ги имавме минатата недела, предзедовме мерки тие да интервенираат со финансиски средства за да може дел од анекс што се користи за болнички работи да се претвори во затворска ќелија за овие лица да го добијат потребниот третман. Имав уште две-три средби со претставници на амбасадите и побарав да ни дадат донација за што побрзо да го решиме овој проблем бидејќи состојбата во затворите е навистина срамна за секоја земја, а особено за земја која утре претендира да е членка на Европската Унија – рече министерот Лога.њ

Share This Article