More

    Ќе им се помогне на некои граѓани да платат струја и на некои бизниси да опстанат

    spot_img

    Стаса грант од 80 милиони евра од Европската Унија за поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, за малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот, како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

    – Овие средства се веќе достапни и се дел од пакетот антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра кои Владата ги донесе и кој според податоците на Светска банка е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во буџетот во посебна програма предвидени за справување со енергетска криза се 225 милиони евра – рече премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, на прес-конференција ја потенцираше заложбата на Европската Унија во поддршката на Северна Македонија да ги надмине предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.

    Евроамбасадорот Гир истакна дека од клучна важност за ЕУ е поддршката за граѓаните и компаниите но и за нови инвестиции.

    – Нашата поддршка е поткрепена со акциски план кој што треба да ја обезбеди имплементацијата на одржливите реформи во енергетскиот сектор, ова мора целосно да се имплементира. Но, овие 80 милиони евра се само дел од еден поширок пакет вреден милијарда евра кој што ЕУ го подготви за целиот Западен Балкан. Голем дел од овие пари се веќе достапни за да се поддржат инвестициите во зелената енергетска транзиција, транзиција која што станува навистина сѐ  поитна. Ова не се бројки, ова се луѓе, не се апстрактни обврски, туку практична помош за да се обезбеди заштита сега и да се помогне да се изгради поодржлива зелена иднина заедно. Тука во Северна Македонија на Западен Балкан и во ЕУ. Затоа што енергијата нѐ поврзува и затоа што знаеме дека сме семејство, и затоа што сме уверени дека нашата заедничка иднина лежи во ЕУ – рече евроамбасадорот.

    Тој најави дека поддршката од Европската Унија ќе се зголемува со тек на време и дека се нуди поддршка од околу 100 милиони евра на годишно ниво.

    – Тука зборуваме отприлика за околу 100 милиони коишто покриваат многу сектори, таа поддршка ќе се зголемува со тек на времето затоа што, како што знаете, пристапниот процес се однесува на спроведување реформи во многу области, земјата се усогласува со законите и стандардите од ЕУ, од земјоделство до трговија, царина, владеење на право. На пример, за животната средина што е навистина скапа област, нашите инвестиции со тек на време ќе се зголемуваат како што земјата се приближува до ЕУ, за кога ќе се приклучи да има завршено поголем дел од тешката работа што е потребна за да се стане полноправна членка на ЕУ и да се искористат предностите од тоа – рече Гир.

    Со првите 80 милиони евра од ЕУ ќе бидат опфатени најранливите категории, околу 172 000 луѓе, пензионери, самохрани родители, невработени кои имаат потреба од социјална заштита, 47 000 ранливи категории граѓани, 470 училишта, 67 јавни комунални претпријатија, компании од прехранбена индустрија, како и здравствени институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img