More

    Ќе гледаме 9-та епизода од „сапуницата“ за избор на наследник на Кацарска

    spot_img

    Денеска продолжи седницата за избор на нов претседател на  Уставниот суд, но сѐ уште не е избран наследникот на досегашната претседателка Добрила Кацарска.

    И во осмиот круг на гласање судијата Осман Кадриу доби 5 гласови, откако во претходното гласање судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто беше предложена како кандидат доби 5 (пет) гласа.

    Се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови.

    „Во моментот се вршат консултации помеѓу судиите за продолжението на оваа седница“, информираат од Уставниот суд

    Инаку за потсетување седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај и досега имаше осум круга гласања.

    Досега судиите Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ Бозаџиева и Осман Кадриу досега беа предложени за кандидати за претседател на Уставниот суд.

    По шестте неуспешни обиди Ана Павловска-Данева денеска се повлече од кандидатурата да биде претседател на Уставниот суд.

    Данева на седницата изјави дека ќе се повлече бидејќи според неа, не сака нејзината кандидатура да биде причина за уставна криза.

    „Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно“, велат од Уставен.

    Мандатот на досегашниот претседател на Уставниот суд, Добрила Кацарска заврши на 2 јуни 2024 година, вчера, по што од денеска продолжи да ја извршува функцијата судија на Уставен суд.

    Оттаму одговарајќи на новинарско прашање велат дека судиите гласаат по сопствено убедување, гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување, па тоа е причината што досега не е избран новиот претседател.

    Што се однесува за функционирање на Судот следниот период и дали ќе се рефлектира врз работењето, од Уставен велат:

    „Во делот на работата со предмети, Судот непречено работи, прима предмети и постојните предмети тековно се работат,  предметите се поделени на судии и советници“.

    По неуспешните 8 обиди да се изгласа претседател, од Уставен велат дека постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува.

    Оттаму додаваат дека Уставниот суд е колективно тело, секако дека одлуките ги носат со мнозинство, а претседателот е само прв меѓу еднаквите, во таа смисла е колективното одлучување за прашања кои се однесуваат на управувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img