More

    Казнети се големи синџири маркети

    spot_img

    Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

    Казнети се 5 големи синџири на маркети, зашто во нивни продавници се утврдени неправилности.

    За еден ден изречени казни од над 2 милиони денари или 32 и пол илјади евра. Првиот човек на Пазарната инспекција вели дека она што го прават трговците е недопусливо.

    – Ако со владината мерка е опфатено кафето од 200 грама, сега го продават како 194 грамско, само за да не поевтини. Киселото млеко кое е опфатено со одлуката  е од  400 до 500 грама. Сега, за да се заобиколи законот, на пазарот го има истото, но како  300 грамско. Нека ги има и тие производи  во толкаво пакување, но мора да има и 400 грамско, кое е опфатено во одлуаката. Затоа што во законски мора да имаат 70%  од производите на залаха како претходниот месец – изјави Трајковски, истакнувајќи дека големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит и пак се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата.

    Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.

    – Се додека сум директор на ДПИ, им порачувам на трговците на мало и на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат зкаоните за да не ја почитуваат Одлуката. Имам информации и дека неколку големи ланци маркети вршат големи притисоци врз добавувачите како да ги заобиколат законите и да остварат профит. Трговците на големо (снабдувачите) да не потклекнуваат на притисоците што ги вршат неколку од големите маркети за да ги заобиколат законите и да не ја почитуваат Одлуката – подвлече Трајковски.

    Тој апелира до трговците, ако имаат простор, да ги намалат цените и на другите производи освен оние опфатени со Одлуката за маржите.

    Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени стотина основни прехранбени производи: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук… 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img