Српскиот тренер Владимир Јовановиќ доби отказ од челната функција на естонскиот футсал клуб Смсрах од Вијмса.
Како што јави руската новинска агенција РИА Новости, Јовановиќ добил отказ бидејќи на социјалните мрежи јавно му го честитал роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Живеј долго, имењак. Срби и Руси, браќа засекогаш“, напиша Јовановиќ покрај фотографијата на рускиот претседател.
Директорот на Смрсах, Андреј Головин изјави дека Јовановиќ е отпуштен „поради несоодветно однесување на социјалните мрежи“, и дека „со разбирање ја прифатил одлуката“.
Јовановиќ во својата изјава рече дека никој не може да му го одземе правото на слобода на говор.
– Ги почитувам сите, но никој на планетата не може да ми каже како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што го имав ова горчливо искуство на таа тема – изјави Јовановиќ.
фото: craiyon.com