ФИФА изрече казни за Бразил и Аргентина поради нереди на навивачите за време на натпреварот меѓу двете селекции во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. На Маракана, Аргентинците, актуелните светски шампиони, победија со 1:0.
Натпреварот доцнеше 27 минути, бидејќи дошло до жесток конфликт меѓу полицијата и гостинските навивачи на трибините.
Бразил како лош организатор мора да плати 50 илјади франци, додека Аргентинците се казнети со 20 илјади франци поради „недостаток на ред и дисциплина“ на стадионот и околу него.
Исто така, Аргентина мора да инвестира 50 илјади франци во програма за едукација на навивачите против дискриминација.
Во моментов Аргентина е прва на табелата, додека Бразил е само шести во битката за премин во најголемото шоу на светскиот фудбал.