Непознати напаѓачи ја запалиле резиденцијата на католички свештеник во северозападна Нигерија. Еден свештеник бил запален до смрт, додека друг бил застрелан кога се обидел да избега, пренесува Ројтерс.
Поради овој напад, нарушена е довербата во безбедносните власти на Нигерија, најнаселената африканска земја, каде наскоро треба да се одржат претседателски избори, пренесува Index.hr.
Мотивите на вооружените напаѓачи не се познати.Напаѓачите вчера во раните утрински часови ја запалиле куќата на свештеникот Исак Ачи во селото Кафин-Коро, откако не можеле да пристапат до неговата резиденција. Друг свештеник, кој беше застрелан додека се обидуваше да побегне од запалената куќа, итно е пренесен во болница, изјави портпаролот на полицијата.
„Ова е тажен момент. Ако некој свештеник е убиен на таков начин, тогаш тоа значи дека никој не е безбеден. Овие терористи изгубија и потребна е драстична акција за да се запре овој масакр“, рече гувернерката на Нигер, Санија Бело, според Ројтерс.
Неколку часа подоцна беше извршен напад во северната држава Кацина. Истата група насилници застрела свештеник и зеде пет лица како заложници од христијанска куќа додека се подготвуваа за неделна миса во блиската црква.
Минатиот јуни, вооружени напаѓачи нападнаа католичка црква во југозападна Нигерија за време на неделната миса, убивајќи десетици верници.