Каспер Руд е противникот на Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако вечерва со убедливи 3:0 во сетови го совлада Германецот Александар Зверев. Норвежанецот одигра цврсто и сигурно, лесно ги добиваше поените и тоа го покажува резултатот 6:3, 6:4 и 6:0.

Ова е трето финале на Грен слем турнирите за 24-годишниот Руд после УС Опен во 2022 и Ролан Гарос 2022 година и се уште го чека првиот трофеј.

Финалето на престижниот француски Опен ќе се одигра во недела. Ќе го играат Каспер Руд и Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер денеска го елиминира Шпанецот Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.

Share This Article