Каскадерот на Харисон Форд се качи на сцена и се запали

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мајк Маса, каскадерот на актерот Харисон Форд, се качил на сцената на протестот во Атланта и си ја запалил облеката.

„Не сакаме АМПТП да нѐ искористува“, му порачал тој на сојузот на продуценти.

 

Тој се присетил и на својот колега Џон Бренекер, кој почина на снимањето на филмот „Walking Dead“ во 2017 година.

„Кажете му го тоа на мојот пријател кој почина работејќи на вашата серија. Кажете му го тоа на секој од нас што има скршени коски за вашите филмови и серии“, рекол тој.

 

Инаку, здружението САГ – АФТРА се обидело да преговара со Сојузот на филмски и телевизиски продуценти во име на каскадерите. Тие понудиле подобра плата за координаторите на каскадерите, добивање провизии од репризи на мрежите и високобуџетни стриминг емисии, како и одмор помеѓу работните денови. Но безуспешно.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article