More

    Касами за понеделник најави почеток на официјалните разговори

    spot_img

    Oд понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада, најави градоначалникот на oпштина Тетово и претседател на Движењето Беса, дел од Коалицијата Вреди, Биљал Касами.

    – Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе бидат дел од втората фаза на разговори. Она што е поважно е дека оваа коалиција ќе продолжи да биде гарант за интеграцијата на земјата во ЕУ и гарант за правата на Албанците, бидејќи изборите покажаа дека го добивме мандатот на Албанците да ги претставуваме и донесуваме одлуки кои се за доброто на сите граѓани и на државата кон европската интеграција – рече денеска Касами.

    Прашан дали тој лично ќе преземе некаква функција во извршната власт, Касами одговори дека ќе продолжи со работата како градоначалник на Општина Тетово.

    – Што се однесува до мојата одлука, самите тетовци покажаа дека ме чекаат уште многу работи да направам во Тетово кои се отворени и кои мора да продолжат – рече Касами.

    Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која освои најмногу пратенички мандати на вчерашните парламентарни избори, вечерва во телевизиско гостување повтори дека коалицијата Вреди ќе биде нивниот главен коалициски партнер. Оцени дека се вистински претставник на албанската заедница во земјава, и додаде дека во идната влада се добредојдени сите кои ќе ја почитуваат предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img