Касами верува дека ДУИ ќе заборави како е да се биде на власт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на Движењето Беса, Билал, Касами за „Нулта зона“ зборуваше за соработката на албанската опозиција во Македонија.

Тој за медиумите во Албанија изјави дека здружената опозиција отсега ќе биде помоќна, а на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да ѝ биде овозможено да продолжи да владее – пренесуваат весникот „Лајм“ и ТВ 21.

– Со обединувањето за првпат опозицијата ќе биде многу посилна во поглед на пратенички мандати и гласови. Тоа ќе оневозможи ДУИ да продолжи да биде во Владата – рече Касами.

Инаку, предводникот на „огнената група“ во ДУИ, Изет Меџити, вчера најави дека наскоро ќе формира нова политичка партија која уште од старт ќе има тројца пратеници.

Share This Article