Касами бара двојазични банкноти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами, од студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ рече дека еден од законите кои мора да се промени е тој за Централна банка, односно банкнотите да бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

– Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици и ја унапреди употребата на албанскиот јазик, тогаш еден од Законите кои треба да се смени е Законот за централна банка, за и банкнотите на оваа земја да бидат на албански јазик – изјави Касами.

На оваа негова изјава веднаш пристигна реакција од Левица од каде што обвинуваат дека Вреди ја „повампирува“ идејата на ДУИ за воведување двојазични банкноти.

„Владата на ДПМНЕ и на ЗНАМ по којзнае кој пат ја толерира шовинистичка политика промовирана од сопствениот коалициски партнер“, се вели во соопштението.

Левица апелира државните институции да ги преземат неопходните дејствија против оние, како што е наведено во соопштението, кои го нарушуваат уставниот поредок.

Од партијата на Димитар Апасиев алармираат дека национал-шовинистичките политики не донеле ништо добро во државата.

„Бараме секој од останатите политички чинители да се оградат и ја осудат анти-државната идеја на Касами и Вреди. За потези кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата, не смее да се дискутира“, реагира Левица.

Share This Article