Карлос Саинц најбрз на трката во Сингапур

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Сингапур, со тоа ја прекина рекордната серија на Макс Ферстапен кој имаше десет победи по ред, а воедно прекината е и рекордната победничка серија на Ред Бул од 15 победи по ред што траеше од трката за ГН на Абу Даби во ноември 2022 година

Возачот на Ферари тргна од пол-позицијата, извозе одлична трка, ги одби налетите на конкурентите и на крајот прв ја мина целта. Ландо Норис заврши на втората позиција, а Луис Хамилтон беше трет. Ферстапен заврши на петтото место, што е солидно ако се знае дека стартуваше како 11.

Пред Ферстапен беше вториот возач на Ферари, Шарл Леклер. Бодови во Сингапур освоија уште и Пјер Гасли, Оскар Пиастри, Серхио Перез, Лиам Лоусон и Кевин Мегнусен.

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 24 септември во Јапонија.

Share This Article