Возачот на Ферари тргна од пол-позицијата, извозе одлична трка, ги одби налетите на конкурентите и на крајот прв ја мина целта. Ландо Норис заврши на втората позиција, а Луис Хамилтон беше трет. Ферстапен заврши на петтото место, што е солидно ако се знае дека стартуваше како 11.
Пред Ферстапен беше вториот возач на Ферари, Шарл Леклер. Бодови во Сингапур освоија уште и Пјер Гасли, Оскар Пиастри, Серхио Перез, Лиам Лоусон и Кевин Мегнусен.
Следната трка во Ф1 ќе се вози на 24 септември во Јапонија.