Италијанскиот селектор Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил. Оваа функција ќе ја извршува од летото 2024 година.
Оваа информација ја потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес.
Анчелоти ќе го води тимот од летото 2024 година, кога му истекува договорот со Реал Мадрид, а дотогаш на клупата на петкратниот светски шампион ќе биде тренерот на Флуминенсе, Динис.
Анчелоти ќе ја води репрезентацијата на Копа Америка во Соединетите Американски Држави следното лето.
Ова ќе биде прв селекторски ангажман на трофејниот тренер, кој на почетокот на тренерската кариера работеше во италијанската репрезентација. Тогаш беше во стручниот штаб на Ариг Саки на Светското првенство во САД во 1994 година.