Српската поп пејачка Јелена Карлеуша се појавува во третата сезона на реалното шоу на „Нетфликс“ – „Јас сум Георгина“ за свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.
Додека Јелена шета по пистата од минатогодишната Модна недела во Париз, во една сцена од шоуто, Георгина вели: „Леле, погледнете го ова. Колку добро одело има таа“. На тоа соработничката на Георгина вели: „Тоа е нејзино“, а свршеницата на Роналдо одговара: „Навистина?“.
Јелена со тоа се пофали на социјалните мрежи.
„Никогаш не мислев дека ќе се видам случајно гледајќи „Нетфликс“. Ти благодарам Георгина за убавите зборови. Твојот документарец е неверојатен“, напишала Јелена покрај сцената во која се појавува.
Тие сцени на Георгина и Јелена се снимени во март на ревијата на Vetements во Париз. Потоа Георгина се прошета во дресот на Роналдо, а беше снимена како разговара со Јелена зад сцената.
Луѓето се убедени дека Георгина и открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира.
„Кристијано, уште една година и толку. Можеби две, не знам“, се слуша како вели на снимката.
По ревијата, Георгина и Јелена се заследија на социјалните мрежи. Карлеуша објави и фотографии од модната ревија, меѓу кои и е Георгина, која во коментарите и остави емотикон за срце.