Менопаузата е природен дел од стареењето, а најчесто се јавува на возраст од 45 до 55 години, бидејќи нивото на естроген кај жените се намалува, но кај Кортни, се чини, се појавило порано.
На видеото, кое протече на Инстаграм, а подоцна беше избришано, се гледа како потиштената Кортни ѝ зборува на мајка си Крис Џенер за нејзините постојани обиди да добие дете со својот свршеник Травис Баркер.
Зборувајќи за својот ин витро третман, Кортни рекла дека тоа „не ѝ било најдобро искуство“ откако природно зачнала три деца: Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7), кои ги доби со поранешниот партнер Скот Дисик, со кого беше во врска од 2005 до 2015 година.
Кортни, исто така, ја споделила својата вознемиреност поради „непристојните“ коментари што неодамна ги доби за нејзиното дебелеење, за кое рече дека го предизвикало лековите што ги пие за ИВФ.
„Мислам дека е непристајно на тој начин да се коментираат луѓето кога не знаеш низ што поминуваат. Лековите што ми ги дадоа ме доведоа до менопауза”, рекла Кортни.
Вознемирената Крис ја прашала: „Врз основа на што? Лековите?“. Кортни одговорила „да“, иако не навела кои лекови ги земала како дел од нејзините третмани за неплодност.
ФОТО: Јутјуб/Инстаграм