Кара Делавињ си ја отвори душата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Супермоделот Кара Делевињ (30) во интервју за „Вог“ откри дека по вознемирувачките фотографии од аеродромот кои се појавија минатата есен, решила да побара помош и се пријавила на рехабилитација, пред се, затоа што „се плашела дека ќе умре“.

Манекенката и актерка признава дека била во многу лоша состојба кога папараците ја фотографирале на аеродромот во Лос Анџелес во септември минатата година, а Делевињ одлучила да се пријави на рехабилитација поради злоупотреба на супстанции.

„Во тоа време имаше многу луѓе кои беа загрижени за моето однесување, но јас тогаш не бев премногу загрижена. Но, таква е природата на оваа болест, тоа е ваша зависност“, ги коментирала Кара фотографиите направени од папараците и продолжила да зборува за својот проблем.

„Не спиев, не бев добро, тоа беше тажно време, но тажното е што мислев дека се забавувам. Но во еден момент забележав дека не изгледам добро. И тие фотографии од аеродромот ми беше проверка на реалноста“, рекла Кара и забележала дека станала свесна дека може да се повреди.

„Се што знаев беше ако продолжам по тој пат, или ќе умрам или ќе направам нешто многу глупаво. Тоа е страшно. Лекувањето е најдоброто нешто што можев да го направам. Секогаш имаше нешто од што се плашев, но изгледа ми требаше оваа заедница, ми требаше оваа група за поддршка“, рече моделот и потоа продолжи.

„Пред ова лекување, секогаш барав начин како брзо да закрепнам или да заздравам, одев на терапии или паузирав и тоа ми помогаше, но само накратко бидејќи никогаш не дојдовме до суштината на проблемот. Сфатив дека оваа програма од 12 чекори е најдоброто нешто и многу е важно јас да не се срамам од тоа. Спротивно на зависноста е поврзаноста, а тоа го добив во оваа заедница“, рекла Кара.

Делевињ сега е трезна и ужива во животот со својата девојка Леа Мејсон.

„Сега уживам во тоа да излегувам да танцувам и да се забавувам, а сакам и да водам длабоки разговори со луѓе. Процесот секако има свои подеми и падови, но успевам да ги надминам“, изјавила манекенката.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article