Капитенот на Барселона го напушта клубот на крајот од сезоната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По 17 години поминати на Камп Ноу, ќе дојде крајот на уште една ера.

Играчот од средниот ред на Блауграна и капитен на овој тим Серхио Бускетс ќе ги напушти редовите на шпанскиот великан.

Оваа информација ја носи добро информираниот каталонски „Спорт“

„На крајот на сезоната капитенот на Барселона ќе ја прифати понудата од Интер Мајами и ќе игра во МЛС лигата. На 34-годишна возраст тој е подготвен за нова авантура преку езерцето. Постои можност тренерот Чави да се обиде да го убеди својот пријател и капитен на тимот да остане уште една сезона, но ќе биде многу тешко да се промени неговата одлука“, тврди Спорт.

Бускетс дебитираше за Барселона во 2008 година. Тој одигра 684 натпревари и постигна 18 гола со 43 асистенции.

Share This Article