More

    Капетанот на полската компанија пријавил бомба во авионот, подгоричката полиција на терен

    spot_img

    Капетанот на „ЛОТполиш“ пријавил во полиција во Подгорица дека во авионот на компанијата има бомба, пишува порталот Вијести.

    Полицијата е на терен, како и полициската група за антидиверзантска заштита, наведува овој портал.

    Од аеродромот официјално беше соопштено дека нешто пред 17 часот на аеродромот во Подгорица започна вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија „LOT Polish Airlines“.

    Рекоа дека авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал, пишува Вијести.

    „Сите други патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено. Контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби“, пишува во соопштението, пренесува овој медиум.

    Авионот од Варшава (ЛО585) летал над Црна Гора, но капетанот по известувањето и рекол на Контролата на летање дека мора да слета на пистата на аеродромот во Подгорица, се наведува.

    Полскиот авион слета во 16:34 часот и во тек е антидиверзантска проверка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img