Капачите во градот Ла Антила во Шпанија почнале да бегаат од водата кога некој извикал дека видел црна перка како ги сече брановите во плиткото, пишува Дејли мејл. Родителите истрчале да ги земат своите деца. Но, набргу се покажало дека нема причина за грижа бидејќи не се работи за ајкула, туку за кит со клун.
Полицијата соопштила дека тоа не е ајкула и дека луѓето нема да го видат режисерот Стивен Спилберг на плажа со камера, а и дека китот со клун не е вид на кит убиец.