Канцеларијата на СЗО во Скопје до редакцијата Охридскај ,денес, испрати демант со кој ја демантира веста на редакцијата Охридскај под наслов „Охриѓанката Д-р Јана Шапкар Марин од идната недела постануваофицијален преставник на СЗО во РСМ“.
Според испратениот демант од страна на Канцеларијата на СЗО во Скопје,напоменуваат дека нивни претставник на Светска здравствена организација (СЗО) за Северна Македонија, а со тоа и официјално Шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, во моментов ја извршува и ќе продолжи да ја извршува д-р Ане Јохансен,додека од друга страна потврдуваат дека Д-р Јана Шапкар Марин е краткорочно ангажирана од Канцеларијата на СЗО во Скопје во својство на национален експерт кој ќе работи во рамките на Министерството за здравство со цел да се поддржи имплементацијата на заеднички проект на Министерството за здравство и СЗО во текот на времетраењето на проектот (9 месеци).
Информацијата за назначувањето на Д-р Јана Марин ја добивме од Министерство за здравство на РСМ и како редакција го поздравуваме ваквиот чекор,зошто за прв пат во историјата се поставува права личност на ваква позиција.
Играта на зборови околу титуларите во СЗО Канцаларија во Скопје ,секако дека нема да навлегуваме и како редакција се зивинуваме на д-р Ане Јохансен ,доколку несакајќи сме ја навредиле на било каков начин ,макар и нејзината суета.
Во прилог во целост го објавуваме демантот испратен од Канцеларијата на СЗО во Скопје ,но и го објавуваме протоколот за настан од Министерство за здравство,за нештата да станат појасни:
Демант:
-„Во врска со веста „Охриѓанката Д-р Јана Шапкар Марин од идната недела постанува
официјален преставник на СЗО во РСМ“ објавена на 01.03.2022 на www.ohridsky.mk, Ви
се обраќаме со цел да се повлече веста поради неточност на објавената информација.
Насловот на веста „Охриѓанката Д-р Јана Шапкар Марин од идната недела постанува
официјален преставник на СЗО во РСМ“, како и воведниот параграф „Охриѓанката Д-р
Јана Шапкар Марин од идната недела постанува официјален преставник на Светската
здравствена организација (СЗО) за Република Северна Македонија во министерството за здравство на РСМ ,дознава Охридскај од совои извори од министерството за
здравство.“ укажуваат на погрешна информација дека д-р Јана Шапкар Марин ќе ја
извршува наведената функција почнувајќи од оваа недела.
Функцијата Претставник на Светска здравствена организација (СЗО) за Северна
Македонија, а со тоа и официјално Шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, во
моментов ја извршува и ќе продолжи да ја извршува д-р Ане Јохансен.
Д-р Јана Шапкар Марин е краткорочно ангажирана од Канцеларијата на СЗО во Скопје во својство на национален експерт кој ќе работи во рамките на Министерството за здравство со цел да се поддржи имплементацијата на заеднички проект на Министерството за здравство и СЗО во текот на времетраењето на проектот (9 месеци).
Со оглед на тоа што неточната информација во објавената вест предизвикува штета на
угледот и интересите на СЗО, настојуваме да се повлече веста.
Со почит,Канцеларија на СЗО во Скопје“,стои во демантот испратен од Канцеларијата на СЗО во Скопје.