Американскиот рапер и дизајнер Канје Вест го прослави својот 46-ти роденден, а фотографиите и видеата од бизарната забава ги преполнија социјалните мрежи.
На прославата учествувала и неговата најстара ќерка деветгодишната Норт Вест, која ја доби со старлетата Ким Кардашијан, а деветгодишното девојче се појавило нашминкано.
Покрај тоа, раперот послужувал и храна врз голи женски тела. Жените на кои им биле покриени само интимните делови, лежеле на масата, а на нив било сервирано суши за гостите.
Многумина овој потег го нарекоа женскогински и го критикуваа Вест на социјалните мрежи.
„Да се однесувате кон жените како чинии за вечера е мизогино“, „Секој ден станува сѐ побизарно“, „Во кој свет жените се третираат како предмети за машка конзумација, а не како мизогинија“, „Ова е вознемирувачко“, се само дел од коментарите на Твитер.
ФОТО: Твитер