Раперот и моден дизајнер Канје Вест, веќе познат по новото име Је Вест, се најде во центарот на вниманието на јавноста и на медиумите во текот на претставувањето на својата нова колекција „YZY SZN 9“, кога носеше црн дуксер со натпис „Животите на белците се важни“ (White Lives Matter) на задната страна, а на предната страна ликот на поранешниот папа Јован Павле Втори.
На промоцијата на својата најнова колекција, Вест дојде во друштво на познатата конзервативна аналитичарка Кендис Овенс, а двајцта ги носеа маиците со голем натпис на грбот – „Белите животи се важни“.
Неколку модели на ревијата носеа различни верзии на ист дизајн, а на социјалните мрежи беше откриено дека познатиот конзервативен политички коментатор дошол на ревијата облечен во иста кошула, само во бела боја.
Фразата „Белите животи се важни“ беше измислена како одговор на движењето „Црните животи се важни“.