По помалку од еден месец, Твитер повторно го суспендираше профилот на раперот Канје Вест. Тој го изгубил својот профил поради објава која, според сопственикот на Твитер, Илон Маск, поттикнала насилство.
Твитер во петокот повторно го суспендираше профилот на раперот Канје Вест, наводно поради кршење на правилата на платформата против поттикнување насилство. Според „Гардијан“, за суспензијата е виновно објавувањето на фотографија на која се споени свастиката и Давидовата ѕвезда, важен еврејски симбол.
Сметката на раперот, кој минатата година го смени името во Је, во минатото беше прекината. Тој успеа да се врати на Твитер минатиот месец, непосредно пред Илон Маск да ја преземе социјалната мрежа. Тој за медиумите изјави дека немал никакво влијание врз одлуката да се обнови сметката на Вест.
Токму новиот сопственик на социјалната мрежа најави дека Је ќе го изгуби својот профил. Запрашан од еден корисник да ги „коригира“ постапките на Канје, Маск одговорил дека се трудел, но раперот повторно ги прекршил правилата. Ќе му биде укината сметката“, најави тој, што се случи околу еден час подоцна.
Маск беше вклучен и во еден од последните твитови што Вест ги објави на својот профил. Тој објави фотографија на која покрај сопственикот на Тесла е и медиумскиот магнат Ари Емануел, кој го прска Маск со вода. „Запомнете дека ова е мојот последен твит“, напиша Је на фотографијата.
Објавата доведе до тоа многумина да шпекулираат дека вистинската причина зад прекинувањето на сметката е исмејувањето на Маск, што тој го негираше. „Овој профил е укинат поради поттикнување насилство, а не поради неласкава фотографија со Ари“, напиша тој под објавата. Тој исто така додал дека оваа слика му дала дополнителен мотив да ослабе.