Канје Вест поради колешка го откажа учеството на најпознатиот фестивал

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Контроверзниот рапере Канје Вест се откажа од појавувањето на фестивалот за музика и уметност Коачела, кој се одржува од 15 до 24 април, каде што требаше да биде водечка ѕвезда, објави „Тајм“.

Поради неговата одлука, организаторите на фестивалот имаат само две недели да најдат нов хедлајнер, со оглед на тоа што Вест требаше да настапи на 17 и 24 април.

На раперот требаше да му се придружи Тревис Скот, но ниту тој нема да настапи, пишува TМЗ.

Претставниците на Вест и Коачела не одговорија веднаш на барањето на „Тајм“ да ја потврдат и коментираат информацијата.

Вест претходно се закануваше дека нема да настапува на фестивалот Коачела, каде еден од главните изведувачи е и пејачката Били Ајлиш.

Во таа прилика изјави дека би направил исклучок доколку пејачката му се извини на Тревис Скот, бидејќи наводно на еден од нејзините концерти алудирала на кобниот настан од фестивалот Астроворлд, додека пееше Тревис, каде во стампедо загинаа повеќе луѓе.

Ајлиш своевремено го прекина концертот во Атланта, бидејќи ѝ се чинеше дека една обожавателка се бори со дишењето. Откако на девојката ѝ била укажана лекарска помош, таа продолжила со настапот.

Таа потоа ѝ порача на публиката дека „чека луѓето да бидат добро пред таа да продолжи да пее“.

Потоа, Канје на Инстаграм напиша дека верува дека со оваа изјава алудирала на однесувањето на Тревис на концертот „Астроворлд“ на кој во ноември минатата година загинаа десет луѓе, а лекарска помош побарале околу 300. Тревис не го прекина концертот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article