More

    Канје Вест објави нова фотографија од полуголата Бјанка

    spot_img

    Раперот и моден дизајнер Канје Вест, се чини, не планира да застане со провокативните фотографии од својата сопруга Бјанка Ценсори. Последните недели Канје редовно споделува фотографии на кои Бјанка е или полугола или во бизарни модни комбинации.

    По многуте критики од јавноста, кои ја преплавија речиси секоја фотографија што ја објави, Канје ги избриша сите објави од својот инстаграм-профил. Сепак, тој продолжи да објавува фотографии од својата сопруга – на својата инстаграм-приказна.

    Бјанка позирала во бањата во минијатурни гаќи и маичка на која пишува „wet“, што во превод значи „мокро, влажно“. Под маичката не носела градник. На главата имача огромен шешир кој и го покривал лицето.

    Фотографијата ја користи за да ја промовира својата модна линија, бидејќи таа маица е дел од колекцијата. Бјанка веќе ја носеше во јавност.

     

    Инаку, медиумите порано напишаа дека наводно пријателите на Бјанка не се воодушевени од нејзината врска со раперот и моден дизајнер.

    „Бјанка отсекогаш имала социјални мрежи и била активна на нив – сè додека не се омажи за Канје. Тој не сака таа да ги користи бидејќи мисли дека ќе ја повреди ако мора да ги чита грдите работи што луѓето ги кажуваат. Ја уверил дека со оглед на тоа што сега е ѕвезда, таа мора да остане мистериозна и тоа е морничаво за оние кои ја познаваат, бидејќи сето тоа се чувствува како друга форма на контрола од него“, изјави извор за „Дејли мејл“.

    Пријателите се бунат поради фотографиите на Бјанка кои ги објавува Канје.

    „Тој ја објавува нејзината голотија на својот профил за да може да ја контролира. Тоа е вознемирувачко, а отсекувајќи ја од светот, таа станува сè поизолирана“, додал изворот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img