Кандидатот на Коалицијата Вреди Арбен Таравари во рок од еден ден доби доброволна поддршка од повеќе од 8.000 граѓани, соопшти партијата Беса.
„Иако ДУИ ги користеше сите механизми за притисок врз вработените во јавната администрација, беа потребни повеќе од три дена за да соберат исто толку потписи. Утре продолжува собирањето потписи за успешно завршување на овој прв чекор. Оваа позитивна енергија и голема волја за промена ни дава надеж и радост, бидејќи овојпат промената навистина Вреди“ – се вели во соопштението на Беса.