Канадската компанија „Лукара“ објави дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Канадската компанија „Лукара“ (Lucara Diamond Corp.) објави денеска дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот.

Дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти Карове во северно-централна Боцвана.

– Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја поддржува и нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија KSRT – изјави претседателот и главен извршен директор на „Лукара“ Вилијам Ламб.

Претходно, во овој рудник беа откриени дијамант од 1.758 карати во 2019 година, како и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.

Најголемиот дијамант „Кулиана“, кој има 3.106 карати и е откриен во Јужна Африка во 1905 година. Дел од овој дијамант е искористен за британскиот кралски накит.

Share This Article