Канада го прогласи Чарлс Трети за свој крал на свечена церемонија одржана во резиденцијата на генералната гувернерка во Отава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Канада денеска го прогласи Чарлс Трети за свој крал на свечена церемонија одржана во резиденцијата на генералната гувернерка во Отава, која како претставник на монархот во Канада во име на круната извршува должност шеф на државата.

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс автоматски стана крал на Обединетото Кралство и формален шеф на 14 други земји, вклучувајќи ја и Канада, која прогласи десетдневна жалост за смртта на кралицата.

Канада од 1867 година не е британска колонија, до 1982 година беше дел од Британското Кралство, а потоа остана членка на Комонвелтот, земјите од поранешната империја кои на чело на државата го имаат британскиот монарх.

Share This Article