Кејт Мидлтон првпат се појави како главен полковник на Првата змејска гарда на кралицата (Queen’s Dragoon Guards), која во текот на летото и ја додели кралот Чарлс Трети, а фотографиите од нејзината посета го обиколија светот.
Кејт го помина денот во Дерехам со припадниците на Првата змејска гарда на кралицата, а принцезата целосно влезе во улогата и во текот на посетата облече маскирно палто и кацига и храбро почна да вози тенк.
Тука беше и неизбежниот детаљ на црвениот афион, кој се носи во Британија во ноември од 1921 година како симбол на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.
Инаку, возењето тенк е специјалност на таа единица, чија главна задача е да ја извидува територијата. Оваа единица во минатото се движеше низ целиот свет, а последен пат беше распоредена во Мали во рамките на мировната операција.
Покрај возењето со тенкот, Кејт се запознала и со членовите на ти научила за нивната употреба на извиднички дронови.
ФОТО: Инстаграм