Македонските граѓани масовно сакаат промени и се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” каде објавуваат кратки пораки на социјалната мрежа Фејсбук што за нив е важно во секоја сфера од животот – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Членот на ИК пратеник Драган Ковачки истакна дека важно е да се има доверба во полицијата.
– Важно е граѓаните да имаат доверба во полицијата – рече Ковачки.
Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е важно храната да е здрава и безбедна.
– Важно е да има здрава и безбедна храна – нагласи Трипуновски
За Александар Велјановски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ важно е воздухот да биде чист и да се намали загадувањето.
– Важно е да се намали загадувањето и да имаме чист воздух – изјави Велјановски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека важно е тендерите да не се наместени.
– Важно да нема наместени тендери – изјави Петрушевски.
Пратеникот Тони Јаревски истакна дека важно е да се намалат административните процедури.
– Важно е да се намалат административните процедури за фирмите – рече Јаревски.
За пратеникот Јован Јаулески важно е да има економски политики кои ќе ги поттикнат младите да инвестираат во земјава.
– Важно е да има економски политики за поттикнување на младите да инвестираат во Македонија – изјави Јаулески.
Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” и го креваат својот глас за промени кои носат иднина.
Секој еден е важен. Важно е да се обединиме“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.