More

    Камионџиите се закануваат дека ќе запрат – Ќе им пресуди цената на горивата

    spot_img

    Дел од камионџиите ќе бидат принудени да ги паркираат камионите, а останатите ќе го намалат бројот на возила со кои ќе превезуваат стоки во земјава и во странство поради драстично зголемените цени на горивата и немањето никаква помош од државата во која 98 отсто од превозот на стоки се одвива со камиони.

    Од Асоцијацијата Макамтранс алармираат дека камионџиите се во многу тешка состојба и под силен конкурентски притисок поради високите цени на горивата и затворањето на пазарот за Русија, Украина и Белорусија.

    – Со затворањето на овие пазари и намаленото производство на европските фирми наменето за пазарот во овие три држави нашите камионџии, како и сите други, се под силен притисок да прифаќаат многу пониски цени на превоз за да работат со што влегуваат во загуба, бидејќи фирмите кои бараат превоз бараат сѐ пониска цена. Дел од превозниците поради кредитите што ги зеле за набавка на нови превозни средства се принудени да прифаќаат и вакви зделки за да ги платат навреме ратите, но ако се гледа крајот за неколку месеци ќе бидат принудени да ги запрат камионите бидејќи нема да можат да го платат горивото. Останатите кои не прифаќаат да работат под минимумот со кој обезбедуваат опстанок го намалуваат возниот парк кој го активираат за превоз. На пример, од 10 камиони, возат само 5 и се во големи тешкотии да опстанат – вели Билјана Муратовска од оваа Асоцијација.

    Таа додава дека најголемиот број од превозниците ги трошат финансиските резерви.

    – За разлика од другите дејности кај нас прво се трошат парите, односно прво се вложува, па потоа се наплатува работата. Значи превозниците треба да платат гориво, патарини и низа невообичаени такси кои во последен период ги измислуваат земјите за да соберат пари во буџетите, значи да вложуваат за да работат, а на крајот можеби и нема да го наплатат сработеното. Сето тоа и дневниот пораст на цената на горивото го прави проблематичен опстанокот на најголемиот број од превозниците, кои ги трошат последните резерви направени изминатите години, па ако не им се помогне многу близок ќе биде денот кога ќе мора да ги запрат возилата – вели таа.

    Според пресметките на камионџиите за опстанок е потребна минимална цена на гориво од 1,30 евра, бидејќи горивото во вкупните трошоци и формирањето на крајната цена на услугата учествува со 40 до 60 отсто.

    – Ако до лани имавме минимална рентабилност со цена на горивото од 0,90 евроценти сега минимумот е 1,30 евра. Но цената секојдневно расте – вели Муратовска.

    Денешната корекција на цената на горивата говори дека камионџиите имаат сѐ помал простор за пресметување минимум рентабилност. Цената на дизелот денеска скокна на 102 денари за литар.

    Според камионџиите, потребно е владата да донесе краткорочни и долгорочни мерки за транспортерите.

    – На краток рок е потребно да се обезбедат субвенции за горивото како што тоа го направија скоро сите земји во Европа, со што ќе се овозможи секторот да работи и да се одвива превозот на стоки кој во земјава се одвива со камиони во 98 отсто. На долг рок треба да се прифати нашето барање за примена на Декларацијата на ЕУ која се однесува на поврат на акцизата за гориво која исто така се применува во поголемиот дел од земјите, што пак ќе овозможи превозниците да можат да повратат дел од парите за гориво, не само во земјава, туку и надвор од неа. Законски ова е прифатено во земјава но примената е селективна и се однесува само за превозот на гасното масло за греење, а не и за сите транспортери – вели Муратовска.

    Според неа, крајно време е владата да одговори на нивните барања, за да не се случи да нема кој да им ја превезе стоката на фирмите во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img