Две возила паднаа во река откако во понеделникот се урна мост северно од норвешкиот град Лилехамер, по што беше спроведена спасувачка операција и немаше жртви.
Автомобил и камион делумно потонаа откако се урна дрвен мост долг 150 метри.Двајцата возачи се во добра состојба, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.
Возачот на камионот бил спасен со хеликоптер, а возачот на автомобилот успеал да се ослободи од возилото, изјави портпаролот.
Мостот во општината Ојер, северно од Лилехамер, е релативно нов, рече портпаролот и посочи дека се уште не е утврдено зошто се урнал.