Две возила паднаа во река откако во понеделникот се урна мост северно од норвешкиот град Лилехамер, по што беше спроведена спасувачка операција и немаше жртви.
Автомобил и камион биле делумно потопени откако се урна дрвен мост долг 150 метри.
Двајцата возачи се во добра состојба, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.
Возачот на камионот бил спасен со хеликоптер, а возачот на автомобилот успеал да се ослободи од возилото, изјави портпаролот.
Мостот во општината Ојер, северно од Лилехамер, е релативно нов, рече портпаролот и посочи дека се уште не е утврдено зошто се урнал.