Камила, сопругата на британскиот крал Чарлс Трети, отишла на патување во Индија со пријателите. Во моментот престојува во холистичкиот здравствен центар „Сукја“ во близина на градот Бенгалуру, пишува „Тајмс оф Индија“.
Медитација, хомеопатија, јога, терапија и древниот традиционален систем на медицина познат како Ајурведа се достапни во споменатиот центар, кој го води доктор Исак Матаи. Резиденцијалниот медицински институт се претставува како прва светска интегративна здравствена дестинација фокусирана на „лекување, превенција или подмладување“, како што е наведено на веб-страницата.
Според локалните медиуми, Камила таму ќе помине десет дена. Ова не е прв пат Камила да го посетува здравствениот дом. Таа беше таму пред три години за 71-виот роденден на Чарлс.
Во меѓувреме, кракот Чарлс Трети е во Сандрингем и се очекува да се врати во Лондон на почетокот на оваа недела за да го назначи новиот премиер.