More

    Камила откри зошто Кралот ја лути со своето однесување

    spot_img

    Британската кралица Камила проговори за здравјето на нејзиниот сопруг, кралот Чарлс Трети, кому претходно оваа година му беше дијагностициран рак. Таа откри што ја лути.

    Кралицата Камила присуствуваше на настан за промовирање на читањето во палатата Хемптон Корт во саботата. Таа во оваа прилика проговори за својот сопруг, британскиот крал Чарлс.

    Таа во разговор со познатиот писател Ли Чајлд рекла дека кралот е добро, но дека не мирува и дека не ги следи советите. Писателот одговорил дека според него Кралот се однесува „како типичен маж“, пренесува Скај Њуз.

    75-годишниот крал неодамна се врати на кралските должности откако Бакингемската палата на почетокот на февруари објави дека му бил дијагностициран рак додека бил на третман за зголемена простата. Тие не открија детали за видот на ракот или фазата на болеста.

    Инаку, оваа година е многу тешка за британското кралско семејство. Не само кралот има здравствени проблеми, туку и принцезата од Велс, идната кралица, на која исто така и беше дијагностициран рак по операција на абдоменот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img