More

    Камерон Дијаз проговори за алкохолизмот на Дру Баримор

    spot_img

    Холивудската актерка Дру Баримор никогаш не криела дека помина низ тежок период по разводот со актерот Вил Копелман во 2016 година.

    „Алкохолот ми беше константа. Не можев да се сменам. Бев слаба и не можев да го направам она што е најдобро за мене“, изјави таа во поранешно интервју за „Пејџ сикс“. По долга борба со себе, актерката „пресекла“ и отишла на терапија.

    Нејзините проблеми со алкохолот биле тешки не само за неа, туку и за нејзините најблиски, вклучувајќи ја и Камерон Дијаз, која е нејзина најдобра пријателка долги години. Пријателството меѓу двете актерки започнало кога тогаш 14-годишната Баримор работела во кафуле кое го посетила Дијаз.

    Камерон Дијаз вели дека битката на најдобрата пријателка Дру Баримор со алкохолот била „тешка за гледање“.

    – Но знаев дека ако сите останеме со неа и ѝ ја дадеме потребната поддршка, таа ќе го најде својот пат – изјавила Камерон Дијаз за Дру за „Лос Анџелес тајмс“.

    Баримор рече дека и покрај помошта на нејзините пријатели, пресврт дошол кога и било понудено да ја работи емисијата „Шоуто на Дру Баримор“ во 2019 година.

    Актерката има две деца, Олив (10) и Френки (8) со поранешниот сопруг Вил Копелман.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img