Александар Липатов (39) ги фрли сопругата и бебето низ прозорец од стан лоциран на 16 кат од луксузен станбен комплекс во Москва!
Брзата помош можела само да констатира смрт на жената и детето. Во многу вознемирувачко видео кое го објави телеграмскиот канал MASH, може да се види како неговата сопруга Милена (36) прво паѓа на тротоарот, а триесет секунди подоцна паѓа и нејзиниот едногодишен син.
Липатов потоа се забарикадирал во станот и повремено ѕиркал низ прозорецот и ги фрлал работите на улица. Од видео снимките се гледа дека откако упаднала во станот, полицијата на носилки и со маска за кислород преку лицето го внела во амбулантно возило.
Според локалните медиуми, Александар и Милена биле во брак околу три години и се преселиле од Барнаул. Липатов до пред неколку месеци работеше во Централната банка на Русија.
Соседите велат дека семејството било мирно и дека често ја гледале Милена на игралиштето со детето. Меѓутоа, како што наведуваат, брачната двојка цело утро гласно се расправала додека бебето силно плачело.
Телеграмскиот канал MASH известува дека иследниците пронашле антидепресиви и „чудни белешки“ на парчиња хартија во станот.