Кога стана јасно дека Камала Харис има намера да го предизвика поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на изборите, корисниците на социјалните мрежи тоа го споредија со епизода од култната анимирана серија Симпсонови.
Во една епизода што се емитуваше во 2000 година, Лиза Симпсон беше претставена како првата жена претседател на САД.
Во 17-та епизода од 11-та сезона, Лиза е прикажана како се жали на буџетската криза која „претседателот Трамп“ ја остави зад себе, а со која сега треба да се справи.
Таа во епизодата носи виолетов костим со пантолони и бисерен ѓердан кои се многу слични со она што Камала Харис го носеше за време на инаугурацијата во 2021 година.
По повод ова „предвидување“ се огласи и Ал Жан, еден од сценаристите на Симпсонови.
„Горд сум што сум дел од овие „предвидувања“ на Симпсонови“ – напиша тој на социјалната мрежа Х.