Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, во Белград одржа тренинг со првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ. За 19-годишниот Ивановски ова беше посебно искуство и исполнување на долгогодишната желба да му „спарингува“ на најдобриот во историјата на белиот спорт.
„Добар трениг со Новак Ѓоковиќ“ – напиша Ивановски во објавата на Инстаграм во која сподели и видео од заедничкиот тренинг со српскиот тенисер.