More

    Какви маки им создаде недела неработен ден на занаетчиите?

    spot_img

    Ќе предложиме измени на законот во деловите кои се нелогични и создаваат проблеми во работењето, велат занаетчии и бизнисмени, откако Уставниот суд ја отфрли како неоснована иницијативата на Стопанската комора за преиспитување на уставноста на законските одредби за недела неработен ден.

    Носителот на иницијативата Стопанската комора ќе чека да се објави одлуката на Уставниот суд, пред да даде некаков коментар или да реагира.

    – Правниот оддел ја следи постапката. Прво ќе треба да ја видиме одлуката па потоа на нашите органи ќе ја дискутираме и ќе заземеме став, кој потоа јавно ќе го соопштиме – велат од Комората.

    Од Занаетчиската комора, пак, веќе размислуваат да се сретнат со институциите и да побараат неколку измени во двата закона кои го регулираат прашањето на недела неработен ден.

    – Занаетчиската комора Скопје заедно со занаетчиите наскоро ќе има став и за ова прашање. Ќе бараме повторно средба со надлежните институции и ќе биде побарана измена на законското решение со прецизирање на одредбите од двата закона кои го регулираат прашањето за работа во недела – вели извршната директорка на Занаетчиската комора Анета Атанасовска.

    Според неа, одлуката на Уставниот суд најмногу ги засега занаетчиите кои вршат занаетчиско производство или услужна занаетчиска дејност која е тесно поврзана со работа во недела.

    – Ставот на занаетчиската комора Скопје кој беше презентиран и пред надлежните институции е дека самостојниот вршител на дејност не е работник согласно законот за работни односи и може да работи во недела. Но имаме занаетчиски бизниси како што се пекарници, слаткарници, и др. кои можат да работат во недела, но не може да вршат продажба што е многу нелогично решение и прави проблем на терен – вели Анета Атанасовска, извршна директорка на занаетчиската комора.

    Неработниот ден се регулира во два закона – Законот за трговски друштва и законот за работни односи. Има голем број нелогичности кои произлегуваат од непознавање на процесот на работа во занетчиството што создава проблеми во нормалното работење.

    – Апсурдот е во тоа што занаетчиите можат да ги ангажираат вработените во производството а се казнети доколку вработен во занаетчиски сектор работи на продажба на пекарски производи. Законското решение е дека работникот треба да врши производство, а сопственикот – занаетчија продажба, но законодавецот не знае дека на терен реалноста е дека занаетчијата е мајсторот којшто работи во работилницата, дека занаетчијата се соочува со дефицит на работна сила во секој занаетчиски сектор и тој мора да биде вклучен директно во процесот без разлика дали е производство или услуга – појаснува Атанасовска.

    Таа вели дека законското решение отворило уште еден проблем а тоа е сивата економија.

    – Оние што работат легално се казнувани за прекршување на законите и губат пари од неработењето, но затоа пак тие што работат на црно никој не ги чепка и тие си заработуваат. Секако државата треба да го има предвид тоа и да реагира, зашто поучени од практиката и голем број други занаетчии ќе се префрлат во илегала – вели таа.

    Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи вели дека практиката покажала дека во земјава е слаба имплементацијата на законите, контролата е слаба, а кога државата носи нови закони тие се далеку поригорозни од претходните во таа област.

    – Ние и порано имавме неработна недела, но имаше одредени услови кои секој бизнисмен требаше да ги исполни за да организира работа во овој неработен ден. Но што се случуваше? Дел од бизнисмените не го почитуваа тоа и имаше реакции. Новото законско решение кое стапи на сила на 1 јануари годинава е далеку поригорозно од претходното и предизвика дополнително зголемени трошоци во компаниите и тешкотии во процесот на производството кои кај одделни дејности чинат многу. На премер, вклучување на машините во погоните или на изладените печки за производство на цемент е проблем и дополнителен трошок на компаниите. Затоа сметам дека треба да се преразгледа списокот на дејности кои ќе можат да работат во недела и да се прошири со други дејности – вели Димитров.

    Тој смета дека државата треба да биде на јасно дали сака да живее стопанството или да затвора фирми и да пресмета какви ќе бидат ефектите, бидејќи доволен е периодот од  една година примена.

    – Има доволен период на негова примена и треба повторно да се навратиме на ова решение и да видиме дали треба нешто да се поправи ли преправи. Ако дражавата сака стопанството да живее треба да го овозможи тоа. Во актуелниве состојби дел од компаниите се обидуваат да ја преживеат енергетската криза и со организирање работа во недела и во ноќните часови за да ја искористат поевтината струја и да ги намалат трошоците. Но, тоа за дел од нив е законски невозможно со што се скратува можноста да преживеат– вели Димитров.

    Сојузот на синдикатите на Македонија во повеќе наврати апелираше Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери – недела да биде неработен ден за најголем број работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.

    Законското решение со кое недела е неработен ден, стапи на сила од 1 јануари годинава.

    Законот предвидува дека недела е ден за одмор за 92 отсто од работниците во земјава. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес односно за околу 8 отсто од работници. Оние кои работат во недела треба да земаат додаток на плата од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа доколку со закон или колективен договор не е утврден повисок износ. Предвидено е да користат и слободен ден во наредните седум дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img