More

    Каква ујдурма му смислува Ахмети на Меџити?

    spot_img

    Најавата на Изет Меџити дека ќе формира нова политичка партија која уште од старт ќе брои најмалку тројца пратеници и која би можела да повлече и уште неколкумина народни претставници од редовите на ДУИ, очигледно му ги замати плановите на Али Ахмети, па како што се зборува во партиските кругови, првиот човек на интегративците веќе цела недела крои нови планови и политики за тоа како максимално да го амортизира ударот што му го подготвува неговиот довчерашен сопартиец.

    Еден од плановите на Ахмети за кои најгласно се зборува е иницирањето предвремени парламентарни избори со цел да се пресретне Меџити во етаблирањето и консолидацијата на новата политичка партија и на тој начин да се ублажи загубата на гласови што би се слеале од ДУИ во новиот политички субјект.

    – Ахмети сериозно размислува да иницира предвремени парламентарни избори само за да го пресретне Меџити, односно да го начека неподготвен и на тој начин да спречи големо слевање на гласовите од ДУИ во новата политичка партија. Секако, ваквото сценарио е во игра само доколку не биде успешно обезбедувањето двотретинско мнозинство за уставните измени. Како и да е, сѐ ќе биде јасно уште во август – брифираат извори од владината коалиција.

    ДУИ со брзи избори сака да спречи консолидација на новата партија на Изет Меџити и на етнички албанската опозиција. Тоа не му одговара на СДСМ, бидејќи би било пуштање на СДСМ низ вода.

    Сашо КлековскиЧлен на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    Сашо Клековски, политички аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, смета дека има логика во тоа ДУИ да ја разгледува можноста за предвремени избори доколку летово не помине иницијативата за уставни измени.

    – ДУИ со брзи избори сака да спречи консолидација на новата партија на Изет Меџити и на етнички албанската опозиција. Тоа не му одговара на СДСМ, бидејќи би било пуштање на СДСМ низ вода. Но, не му одговара ниту на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, со нескриени амбиции за кандидат за претседател на државата. Со предвремени избори и Влада на ВМРО-ДПМНЕ, не Оливер Спасовски, туку кој било кандидат на СДСМ нема на што да се надева на изборите за претседател на Републиката. Во политичката чаршија се зборува дека во Јавното обвинителство за организиран криминал има повеќе подготвени кривични пријави за функционери на ДУИ и тие веројатно се чуваат за политички притисок, како сега кога ДУИ брифира за предвремени избори – коментира Клековски.

    Универзитетскиот професор и поранешен министер за локална самоуправа, Ризван Сулејмани, во разговор за Плусинфо вели дека постојат реални шанси за да се оствари планот на Ахмети во поглед на иницирањето предвремени парламентарни избори.

    – Сѐ зависи од уставните измени, бидејќи тогаш ќе се случи расплетот на настаните и тогаш ќе знаеме кон кој правец точно ќе се движат работите во иднина. Мислам дека исходот од уставните измени ќе бидат добра причина за повеќе политички партии да фатат страна, вклучувајќи ја и партијата на Али Ахмети. Но, прашањето е што ќе се случува по изборите? Тоа е една голема енигма – коментира Сулејмани.

    На прашањето дали Ахмети се плаши од Меџити во политичка смисла, професорот не забележува политички страв кај лидерот на ДУИ, но како што вели, сигурно не му е баш сеедно за промените на политичката сцена.

    – Не верувам дека Ахмети е уплашен од најавата на Меџити дека ќе формира нова партија, но во секој случај ДУИ ќе претрпи некакви последици. Јасно е дека актуелната владина коалиција тешко функционира, нема ефективност, а се исцрпи и европската агенда, па сега веќе нема што да им понуди на гласачите. Токму затоа сметам дека постои можност да се одржат предвремени парламентарни избори – објаснува Сулејмани.

    Од друга страна, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сѐ уште не се откажува од барањето за организирање предвремени парламентарни избори.

    Ваквиот предлог вчера повторно му го соопшти на премиерот Димитар Ковачевски, кој, пак, повика на консензус за уставните измени.

    – Сега е доцна за такво нешто. Со премиерот Ковачевски сега можеме само да зборуваме за еден консензус, а тоа се предвремени парламентарни избори – возврати Мицкоски.

    Адеми: Не ви се плашиме, ама за избори не зборуваме!

    Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие сѐ уште имаат 15 пратеници, бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику сѐ уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група.

    – Нашата пратеничка група броеше 15 пратеници, но формално сѐ уште брои 15 пратеници, бидејќи јас како координатор на пратеничката група сè уште немам формална одлука за отцепување од пратеничката група. До овие моменти немам никакво известување дека пратеничката група се намалила или пораснала – рече Адеми за летното издание на Клик плус на ТВ 21.

    За заминувањето на Иџет Меџити од партијата и најавата за формирање на ново политичко движење, Адеми тврди дека тие разбрале од медиумите.

    ДУИ, како што кажа, не се плаши од новото политичко движење на Изет Меџити.

    – Да ви кажам право, не се плашиме, бидејќи ДУИ е добро организирана, етаблирана политичка организација, која не еднаш, туку повеќе пати поминала низ слични процеси – рече Адеми.

    Од друга страна, тој му порача на членството на ВМРО-ДПМНЕ да престане да зборува за предвремени парламентарни избори.

    – Апелирам со многу добра намера и до ВМРО-ДПМНЕ да не зборува многу за предвремени избори, за идни избори. Ајде да зборуваме за идните генерации. Каде е перспективата на нашите граѓани? – рече пратеникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img