More

    Каква порака би испратила руска победа?

    spot_img

    Руските напади во Украина во последните шест месеци имаат две главни цели: првата се магацините за жито и земјоделскиот извоз на Украина, а втората се капацитетите на украинската индустрија кои се или биле поврзани со производство на воена опрема и муниција, посочува Максим Камениецки, професор од Институтот за меѓународни односи во Киев, за Телевизија Н1.

    Тој наведува дека секојдневно има напади врз Украина и дека источниот дел на земјата сѐ уште е под воздушна тревога поради опасност од руски напади.

    Камениецки се осврна и на помошта од Западот за Украина и дали воените планови на Украина зависат исклучиво од таа помош.

    – Целосните воени планови не зависат од воена помош, но поради испораката на оружје што Украина го немаше претходно, ни треба постојано снабдување, барем додека не се здобиеме со способност за производство на тие видови муниција – објасни Камениецки.

    Тој посочува и дека војната може да заврши ако Украина престане да добива помош од Западот, но тоа нема да значи и крај на конфликтот.

    – Ако странската помош престане, војната може да заврши, но тоа не значи дека ќе дојде мир – истакнува Камениецки.

    Украинскиот аналитичар појаснува и каква порака би испратила руската победа до другите земји.

    – Ако Русија не порази или украинската окупирана територија остане во нејзиниот состав, тогаш тоа ќе биде знак за другите земји кои имаат слични планови да го направат тоа на сличен начин, бидејќи тоа успеало со Русија. Тоа е опасноста што може да настане со Русија ако се прекине странската помош за Украина – вели Камениецки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img