More

    Каква храна треба да се јаде за време на горештините и зошто треба да избегнувате кафе

    spot_img

    Летните температури деновиве достигнуваат и до 40 Целзиусови степени. Неопходно е да го заштитите вашето здравје, а голем дел од тоа е исхраната во овие топли периоди. Доц. Маризела Шабановиќ, нутриционист, за N1 зборува за тоа што треба да консумираме периодов, а кои намирници треба да ги избегнуваме.

    „Многу е важно добро да се хидрирате. Во овој период потребно е да се пие доволно течност, но не мислам само на вода, бидејќи многу често луѓето не поднесуваат многу вода. Треба да се погрижиме дека водата може да се внесува и во вид на овошје и зеленчук, кои побавно го хидрираат нашето тело. Во овој период не пијте многу кафе бидејќи тоа е диуретик и се што ќе испиете ќе исфрлите надвор. Треба да се држиме подалеку од алкохолни и многу засладени пијалоци, бидејќи тоа не прави уште повеќе жедни. Секој оброк треба да содржи доволно зеленчук како салата. Не треба да јадеме т.н „тешка храна“, пржена, похована, со многу маснотии. Предност треба да се даде на сировата храна“, рече доц. Шабановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img