Вистина е дека јадењето храна навечер, особено час или два пред спиење, е поврзано со дебелина и немирен сон. Од друга страна, ако ја прескокнете вечерата, ризикувате да се разбудите среде ноќ со главоболка или стомачна болка.
Вистина е дека јадењето храна навечер, особено час или два пред спиење, е поврзано со дебелина и немирен сон. Од друга страна, ако ја прескокнете вечерата, ризикувате да се разбудите среде ноќ со главоболка или стомачна болка, пренесува порталот Центар за здравје.
За среќа, постојат оброци кои не се натоварени со тони калории, кои ќе го смират вашето тело и нема да направат да се чувствувате лошо! Овие 7 вкусни грицки можете да си ги дозволите без каење или страв од дебелеење:
1. Авокадо и посно сирење
Посно сирење е богато со казеин и содржи малку калории. Телото полека го впива, што значи дека подолго ќе бидеме посити. Истражувањата покажаа дека зголемениот внес на протеини може да доведе до успешно губење на тежината. Ако додадете авокадо, кое е богато со здрави масти, позитивно ќе влијаете на холестеролот и на вашиот кардиоваскуларен систем.
2. Чоколадно млеко
Истражувањата покажаа дека калциумот помага да се отстранат масните наслаги од пределот на стомакот и дека хранливите материи подобро се апсорбираат со помош на витаминот Д, кој се наоѓа во млекото. Кога купувате чоколадно млеко, одберете го она со малку шеќер и највисока содржина на какао.
3. Суви смокви
Иако се прилично слатки, оваа природна бонбона ќе ја потисне вашата желба за слатки и нема да придонесе за зголемување на килограмите. Со сувите смокви единствено важно е да не претерате, бидејќи сепак е калорична храна! И покрај тоа што има малку маснотии и богата со диетални влакна, сувите смокви сепак содржат количина на шеќер со која треба да внимавате.
4. Туна
Оваа риба лесно се вари и го ублажува чувството на глад бидејќи содржи многу протеини. Туната можете да ја подготвите во тавче со малку масло, во рерна, на пареа или директно од конзервата (додека добро ќе ја исцедите).
5. Корнфлекс
Пченкарните снегулки имаат малку шеќер и полни со диетални влакна. Ако ги консумирате со млеко кое има ниска содржина на маснотии, ќе внесете доволно хранливи материи во вашето тело, ќе ја нахраните вашата желба за храна и ќе го подготвите телото за одмор.
6. Бадеми
Магнезиумот од бадемите ги релаксира мускулите, ниацинот (витамин Б3) го ублажува стресот, а диеталните влакна промовираат ситост. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат ¼ шолја бадеми дневно губат тежина во просек 65% побрзо од другите.
7. Шунка и леб од цели зрна
Ако не сте љубител на јаткасти плодови, млечни производи или слатки, изедете парче леб од цело зрно со парче шунка. Овој оброк содржи околу 150 калории и се состои од сложени јаглехидрати и протеини кои побрзо ќе ве заситат и подолго ќе ве заситат.