Групата Let 3 од Риека се избори за голема популарност на Евровизија, а нивниот настап е најгледан на Јутјуб, а песната изгледа воодушеви не само луѓе туку и еден папагал.
Низ социјалните мрежи се прошири видео од африкански сив папагал кој го пее евровизискиот хит на хрватските претставнички „Мама ШЧ“.
Сопственичката на папагалот го објавила видеото на својот Фејсбук профил и брзо почнало да кружи на интернет.