More

    Каков пресврт: Украина во моментов користи најмногу оружје од Русија

    spot_img

    Истрагата на Волстрит журнал (WSJ), угледен американски деловен дневен весник, откри дека Русија несвесно станала најголемиот снабдувач на оружје на Украина во војната, надминувајќи ги дури и огромните количини што Украинците ги добивале од западните земји.

    За време на конфликтот запленети се големи количества руско оружје, вклучувајќи тенкови, хаубици и топови, пренесува Sky News.

    Во извештајот на WSJ се вели дека запленетото руско оружје им овозможило на украинските сили полесно да заземат делови од источниот регион Доњецк, вклучувајќи го и градот Лиман.

    WSJ го цитира високиот украински воен функционер, Руслан Андрики, кој рекол дека по влегувањето во Изџум минатиот месец, еден баталјон запленил 10 модерни тенкови Т-80 и пет самоодни хаубици 2S5 Giatsint 152 мм.

    „Имаме толку многу трофеи што не ни знаеме што да правиме со нив. Почнавме како пешадиски баталјон, а сега постепено стануваме механизиран баталјон“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img