Вирусот Марбург, кој има стапка на смртност до 90 проценти, е од исто семејство на вируси како и еболата.
Првите случаи на вирусот се забележани во 1967 година во Германија во Марбург и Франкфурт и во Белград, тогашен главен град на Југославија, сега Србија.
Се пренесува на луѓето преку контакт со лилјаци и од човек на човек преку контакт со телесни течности на заразени луѓе и заразени површини и материјали.
Првичните симптоми започнуваат ненадејно, со висока температура, главоболка и замор и болки во мускулите.
После тоа, пациентот почнува силно да крвари од неколку делови од телото. Смртта се јавува околу осум или девет дена по првичните симптоми.
Во упатството на Министерството за здравство се вели дека пациентите во наредните 14 дена нема да смеат да ја посетуваат болницата. Исто така, на пациентите ќе им биде дозволено само еден негувател во исто време.
Руанда објави дека го интензивира следењето на контактите, надзорот и тестирањето за да помогне во спречувањето на ширењето. Властите ја повикаа јавноста да практикува добра хигиена, како што е честото миење на рацете.
Досега се регистрирани десетина епидемии на Марбург вирусот, најмногу во јужна и источна Африка, а случаи се пријавени во Ангола, Демократска Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Кенија, Јужна Африка, Танзанија, Уганда.
Извор: ТВ Нова/Побуди се