Како реагира нашето тело на искрена прегратка?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не е ни чудо што луѓето се чувствуваат подобро кога некој ќе ги прегрне. Тогаш се случуваат големи промени во телото и токму тоа е причината зошто луѓето треба што почесто да се прегрнуваат.

Како смеењето, така и искрената прегратка од пријател, член на семејството, партнер или дури и сосема странец има лековито дејство врз нашето тело. Според истражувањето на американските експерти, гушкањето го зголемува нивото на окситоцин во телото. Го нарекуваат и хормон на љубовта, а одговорен е за емотивната поврзаност со другите луѓе како и со сопствените деца, пишува 24сата.хр.

Луѓето на кои им недостасува окситоцин помалку се смешкаат, живеат сами, сакаат да работат работи каде што не треба да соработуваат со другите, им е тешко да водат неврзани разговори и всушност се најсреќни кога се сами. Жените на кои им недостасува овој хормон имаат проблеми со постигнување оргазам, а мажите тешко воспоставуваат длабоки љубовни врски.

Окситоцинот го намалува количеството на кортизол (хормон на стрес) во телото, а со тоа го намалува ризикот од срцеви и други болести.

Научниците направија мал тест со заљубен пар. По гушкање околу 20 секунди, нивото на окситоцин во нивните тела се зголемило. Ова ниво се зголемувало и во прегратките меѓу пријателите, но количината на љубовни хормони не била толку висока како кај вљубениот пар.

– Науката покажа дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го зајакнува имунолошкиот систем и ја ублажува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој прави луѓето да се чувствуваат безбедно. Овој хормон го намалува нивото на кортизол и на тој начин го намалува стресот, анксиозноста и осаменоста – објаснил д-р Ентони Грант, психолог од Австралија кој исто така ја истражувал оваа тема.

Тој додаде дека долгите прегратки го зголемуваат и нивото на серотонин – хормонот одговорен за доброто расположение и чувството на среќа. Затоа, гушкајте ја саканата личност што почесто!

Share This Article